Биткоинот падна под 5.000 долари

Намалувањето на вредноста на биткоинот и другите криптовалути дојде после соопштението од регулаторот дека ќе ја заостри контролата врз првичната понуда, но и по новите поделби.

Биткоинот денеска падна под 5.000 долари, прв пат од октомври минатата година.

Биткоинот денес загуби девет проценти од вредноста, додека во споредба со ноември минатата година кога беше накратко на 19.783 долари, падна за речиси 75 отсто, или вредноста сега е речиси четири пати помала.

Другите криптовалути паднаа уште повеќе – Етереум за 12 проценти и Лајткоинот за 13 проценти.

Падот на вредноста на биткоинот и другите криптовалути се случи откако регулаторот најави дека ќе ја заостри контролата врз првичната понуда, но и по новата поделба.

Минатата недела дојде до поделба на Биткоин кеш, кој беше поделен на две различни криптовалути кои сега се сметаат за ривали, пишува Би-Би-Си.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password