Богати се и стануваат уште побогати: Најпознатите бизнисмени во светот имаат милијарди

Богатството на најбогатите луѓе во светот се зголеми за 25 проценти во 2019 година, но најсиромашните во светот не напредуваа во иста насока. Првите 26 на листата на милијардери на Форбс заедно поседуваат богатство 1,4 трилиони долари. Значи, така дојдовме до тоа дека оваа група на најбогати луѓе во светот има исто толку пари колку и 4 милијарди најсиромашни, пишува Бизнис инсајдер.

Овие 10 бизнисмени припаѓаат на групата од 26 најбогати луѓе кои имаат повеќе од половина од светската популација заедно.

Мајкл Блумберг

Богатство: 56,4 милијарди долари

Блумберг своето богатство го оствари благодарение на медиумската компанија Блумберг ЛП, која му носи приход од 10 милијарди американски долари годишно. Тој во моментов е најбогата личност во Њујорк и десетта меѓу најбогатите во светот. Тој во главно ќе ја финансира својата претседателска кампања, за која е подготвен да потроши 100 милиони американски долари.

Лари Пејџ

Богатство: 63,7 милиони долари

Поранешниот извршен директор на „Алфабет“ и ко-основач на „Гугл“ се најде на 9-то место на листата на најбогати во светот.

Карлос Слим и семејството

Богатство: 63,5 милијарди долари

Карлос Слим е сопственик на најголемата компанија за мобилни телекомуникации во Јужна Америка. Покрај тоа, тој поседува акции во многу бизниси – од рударство, преку недвижен имот, до „Њујорк Тајмс“. Тој е најбогат човек во Мексико.

Лери Елисон

Богатство: 65,6 милиони долари

Во 1977 година, Лери Елисон ја основаше софтверската компанија „Оракл“, чиј почетен капитал изнесуваше 2.000 американски долари. Тој се повлече од функцијата извршен директор во 2014 година, но сепак е еден од водечките луѓе на компанијата.

Марк Закерберг

Богатство: 76,1 милијарди долари

Основачот и извршен директор на „Фејсбук“, Марк Закерберг, ја започна оваа социјална мрежа во неговата соба за живеење на Харвард пред 15 години и во тој период успеа да ја наведе на листата на најбогати луѓе во светот. Тој и неговата сопруга Присила Чан изјавија дека ќе донираат 99 проценти од богатството во добротворни цели.

Аманисо Ортега

Богатство: 77,6 милијарди долари

Амансио Ортега е најбогатиот човек во областа на малопродажба и мода благодарение на неговата компанија Зара, која се појави како филијала на Индиттекс, која ја основа во 1975 година. Тој има недвижен имот низ целиот свет – во Лондон, Њујорк, Мадрид.

Ворен Бафет

Богатство: 89,2 милијарди долари

Инвеститорот Ворен Бафет е извршен директор на Беркшир Хатавеј, кој поседува дури 60 компании. Тој сè уште живее скромен животен стил, иако стана милијардер на 32-годишна возраст. Бафет вети дека ќе донира барем половина од своето богатство на добротворни цели.

Бил Гејтс

Богатство: 108,3 милијарди долари

Бил Гејтс го основа Мајкрософт во 1975 година, што му донесе големо богатство. Покрај тоа, тој има инвестирано во канадската национална железница и многу други проекти. Тој и неговата сопруга Мелинда ја основаа фондацијата Бил и Мелинда Гејтс и тие сакаат да го донираат најголемиот дел од своето богатство во добротворни цели.

Бернар Арно

Богатство: 110,8 милијарди долари

Бернар Арно е извршен директор на „ЛВМХ“, компанија во сопственост на Луис Витон, Сефора и Дон Перињон. Трите брендови заедно, само во 2018 година, заработија на компанијата 53 милијарди долари приходи.

Џеф Безос

Богатство: 114,9 милијарди долари

Основачот и извршен директор на „Амазон“, Џеф Безос, поседува 17 проценти од компанијата, во 2013 година го купи „Вашингтон пост“ за 250 милиони долари и исто така е сопственик на вселенската авиокомпанија.

Коментари

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password