НЛБ Банка ја додели главната награда за наградната игра „Поинакво зимско доживување со Mastercard® haPPy во Кицбил, Австрија!“

НЛБ Банка АД Скопје денес ја додели главната награда во рамки на наградната игра „Поинакво зимско доживување со Mastercard® haPPy во Кицбил, Австрија!“.

Добитникот е Дејан Цветковски од Куманово, а главната награда е ексклузивен пакет аранжман за две лица во Кицбил, Австрија во периодот од 20.01.2020 до 25.01.2020 година.

Наградната игра траеше од 16.11.2019 до 30.12.2019 година, а покрај главната награда беа доделени 45 дневни награди- градски велосипеди и 7 неделни награди- електрични тротинети.

НЛБ Банка АД Скопје на Дејан му посакува незаборавно патување, им честита на сите добитници за наградите и им благодари на сите кои учествуваа во наградната игра.

Коментари

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password