Уапсен шефот на Нисан

Јапонскиот производител на автомобили Нисан Мотор објави дека интерната истрага покажала дека директорот на компанијата Карлос Госн прикажувал помал доход од вистинскиот и преземал други незаконски дејства.

Како што јавуваат јапонските медиуми, тој бил уапсен.

Госн, кој ја врши должноста претседател на партнерството меѓу Нисан, Рено и Мицибуши Моторс, е уапсен под сомнение за кршење на финансискиот закон, објавија јапонските медиуми.

Поради ваквите информации, цените на акциите на партнерот на Нисан и главен акционер, Рено, каде што Госн ја врши функцијата претседател на управата извршен директор, утрово забележаа голем пад. На берзата Еуронекст само претпладнево акциите ослабеа за повеќе од 12 отсто.

Од Нисан соопштуваат дека Госн и директорот Грег Кели во извештаите поднесени до берзата во Токио искажувале помали износи на бонусите и додатоците на плата од вистинските, за да се намали објавениот износ на надоместоците што ги прима Карлос Госн.

Понатаму од компанијата додаваат дека се откриени и редица други крупни незаконски дејства на Госн, како користење пари на компанијата за лични потреби, а потврдена е и значителна вмешаност на Грег Кели.

Во Нисан со месеци водеа интерна истрага откако од свиркачи добија дојава за неправилности.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password