Лукаревска: Тој што ја сака Македонија, треба да плаќа даноци

Сања Лукаревска, директорката на Управата за јавни приходи, им порача на македонските газди да размислуваат патриотски а не да се жапат од воведувањето на прогресивниот данок и другите фискални мерки. Според неа, оној што ја сака Македонија треба и да ги плаќа зголемените даноци.

– Во делот на прагот, односно во делот на стапката навистина има одредени дисбаланси и тоа е нивното размислување, и дека луѓето кои ќе бидат подложни на ова оданочување, ќе ги вадат парите надвор од нашата држава. Јас сметам дека оној што си ја сака сопствената држава, треба да придонесува во неа, а не да ги бараме оние законски шеми и дупки, за да успееме парите да ги вадиме надвор – рече директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Директорката на УЈП се сретна со битолската бизнис заедница, беа  презентирани можностите за помагање на спортот со сите даночни олеснувања што ќе следат во реформата од почетокот на наредната година преку делот на ваучер- системот.

На истата средба бизнисмените и се пожалија дека прогресивното оданочување може да ја зголеми зоната на сива економија, а кај успешните компании со високи плати, ќе ги зголеми финансиските оптоварувања.

Коментари

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password