БДП порасна за три проценти во третиот квартал

Брутодомашниот производ (БДП) пораснал за три проценти во третиот квартал годинава, објави Државниот завод за статистика.

Во тоа тромесечје извозот на стоки и услуги е номинално зголемен за 16,4 отсто, а увозот бележи зголемување во номинален износ од 12,6 проценти.

Овие податоци го охрабруваат вицепремиерот Кочо Анѓушев според кој добро е што динамиката на раст на извозот е поголема од таа на увозот.

„Растот на извозот радува. Растот на БДП од три проценти исто така радува и овој раст е реален,а не виртуелен, односно е креиран од вистински проекти  и не е со позајмени пари кои треба да ги враќаат нашите деца, туку раст од реланат економија без дополнителни задолжувања и без виртуелни проекти. Ова се охрабрувачки бројки, рече Анѓушев

Според податоците, финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2018 година номинално расте за пет отсто, а нејзиното учество во структурата на БДП изнесува 62,5 проценти.

Во третото тримесечје од 2018 година, најголем раст е забележан во секторите: Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности, Дејности на домаќинствата како работодавачи, Дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 17 отсто, во секторите Трговија на големо и трговија на мало, Поправка на моторни возила и мотоцикли, Транспорт и складирање, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 9,4 проценти, како и во секторите Стручни, научни и технички дејности, Административни и помошни услужни дејности од 7,7 отсто.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password