ГРИПОТ СЕ ШИРИ, ЗА САМО ДЕСЕТ ДЕНА РЕГИСТРИРАНИ НОВИ 207 СЛУЧАИ

Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население, особено на
лица кои припаѓаат на т.н. ризични групи (согласно препораките на СЗО): постарите
лица (над 65 години), деца на возраст од 6-59 месеци, лица постари од 6 месеци со
хронични болести, бремени жени и здравствени работници.

„Во текот на првата недела од 2020 година (30.12.2019–05.01.2020), пријавени се 207
случаи со заболувања слични на грип, што е зголемување за 31,0% во споредба со минатата
недела“, информираат од Институтот за јавно здравје.
Најголем број случаи се пријавени во возрасната група од 15-64 години – 614 (59,3%), а
највисока кумулативна инциденца од 121,4/100.000 се регистрира кај децата на возраст од 0-4.

Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип
(I=36,4/100.000), односно сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип.
Епидемиолозите препорачуваат да се одбегнува подолг престој во затворени простории и
контакт со болни лица.

Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Институтот за
јавно здравје препорачува вакцинација на целото население, особено на лица кои припааат
на т.н. ризични групи (согласно препораките на СЗО): постарите лица (над 65 години), деца на
возраст од 6-59 месеци, лица постари од 6 месеци со хронични болести, бремени жени и
здравствени работници.

Коментари

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password