Шешељ: Груевски преку Србија премина во Унгарија

Никола Груевски преку Србија премина во Унгарија, а четнички баојнети го обезбедуваа до Хоргош, изјави Војислав Шешељ во емисијата „После ручка“ на телевизија Хепи.

– Најновата вест е дека нашиот брат Никола Груевски од Македонија преку Србија отиде во братска Унгарија – рече лидерот на српските радикали.

Шешељ додаде дека Груевски на тој начин го избегнал апсењето, на како што рече, предавничката власт на Зоран Заев.

– Кога се појави на српската граница, го прифатија српски четници и четнички бајонети го обезбедуваа се до Хоргош, а таму во 5 часот утрото на 12 ноември премина во Унгарија. Тој помина преку територијата на братска Србија – вели Шешељ.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password