Уставот ќе се менува: „За“ гласаа 80 пратеници
Со 80 гласа „за“, пратениците ги усвоија Одлуката за пристапување кон измени на Уставот на Република Македонија.
Пратениците прво гласаа електронски, а после и поименично. Владечакото мнозинство успеа да обезбеди двотретинско мнозинство, а од ВМРО-ДПМНЕ за гласаа Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Елизабета Канческа Милевска, Крсто Мукоски, сите осомничени во постапки од СЈО.