Матис: Референдумот е најважниот глас во историјата на вашата земја

Претстојниот референдум е најважниот глас во историјата
на вашата нација. Граѓаните да го искористат своето демократско право и да гласаат на
референдумот кој е историски за натамошниот напредок на Македонија на патот на
интегрирањето на земјата во НАТО и ЕУ, и во тоа ја имате поддршката од САД, порача
американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис на заедничката прес-конференција со
премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
– Го препознаваме комплексниот политички процес кој ви претстои и ве поддржуваме во
остварувањето на вашиот демократски глас и одговорност да гласате. Неодамна прославивте
годишнина од референдумот на кој над 95 отсто од граѓаните се одлучија за независноста на
земјата. За две недели вашите граѓани уште еднаш ќе добијат можност да ја придвижат земјата
напред, рече Матис.

– Ви аплаудирам за вашите неуморни напори да го постигнете историскиот договор од Преспа
со Грција. Знаеме дека тоа бараше трпелива дипломатија од двете страни и компромисите се
секогаш тешки, рече Матис, искажувајќи благодарност до Заев и Шекеринска за нивниот
ангажман во разрешувањето на како што наведе, „тешкиот спор за името“.

 

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password