Сашо Мијалков преместен во „хашка соба“

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков е преместен од обична во т.н „хашка соба“ во затворот во Шутка, дознава ТВ21 од добро упатени извори. Како што дознава телевизијата, Мијалков е преместен во една од шесте „хашки соби“ кои ги има во истражниот затвор во Скопје. Нашите извори велат дека само еден ден поминал во обична ќелија. „Хашките соби“ важат за привелигирани соби и се градени според стандардите на ЕУ, па затоа условите во нив се далеку попристојни од останатите ќелии.

Во овие соби најчесто се сместуваат притвореници со здравствени проблеми, оние кои имаат врски или оние на кои им е загрозена личната безбедност според карактерот на делото, велат поранешни затвореници.

Покрај Мијалков и бизнисменот Орце Камчев исто така е сместен во „хашка соба“. Сега двајцата пријатели и најбогати Македонци имаат ист третман и сместување во затворот.

Одбраната на поранениот директор на УБК Сашо Мијалков во жалба поднесена до Aпелациониот суд бара укинување на мерката притвор и враќање на претходно воведените мерки на претпазливост.

Тие се незадоволни што решението за притвор било донесено без да се сослушаат нивните и аргументите на Мијалков, посочувајки дека во решението никаде не е утврдено што прекршил обвинетиот за да му биде определен притвор.

Адвокатите на Мијалков во жалбата до судот наведуваат дека имотната состојба на обвиниетиот и претходно му била позната на обвинителството, а судот знаел за останатите обвиненија и постапки за Мијалков, но не претставувале доволна основа за да не останат на сила изречените мерки на претпазливост.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password