Уништени над 105 гранични камења на границата меѓу Македонија и Грција

Непознати лица уништиле и оштетиле 105 гранични камења, што ја одредуваат границата меѓу Грција и Македонија, од грчка страна, во општина Лерин, соопшти грчката полиција.

Инцидентот се случил во периодот од 23 до 24 ноември, покрената е истрага, а биле известени и надлежното грчко обвинителство и надлежните воени власти, јави дописничката на МИА од Атина.

– Во периодот од 23 до 24 ноември 2018, непознати сторители уништија – оштетија 105 пирамиди – столбови кои ја означуваат граничната линија меѓу Грција и ПЈРМ, конкретно во делот што е северно од локалната заедница Месокамбос до источно од локалната заедница Ахлада во општина Лерин, соопштуваат од грчката полиција.

 Атина и Скопје постигнаа договор во јули за решавање на спорот за името, преименувајќи ја Македонија во Република Северна Македонија, со цел да се разликува од грчката провинција Македонија. ЗА овој инцидент засега нема информации дали е од противниците на договорот, или станува збор за екстремистички  организации,чија цел е спроведување на туѓи политки на Балканот.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password