Ексклузивно: Столтенберг во Скопје

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг доаѓа во Скопје следната недела, дознава Фактор од свои извори. Во таа седмица во Македонија гостин ќе биде и австрискиот премиер Себастијан Курц, чија посета веќе беше закажана за 7 септември односно следниот петок. Според нашите информации Столтенберг во Македонија ќе остане два дена. Ќе разговара со државниот врв, но и со лидерите на најголемите политички партии.

Столтенберг доаѓа во Скопје на само три недели пред одрежувањетона референдумот кој во земјава е закажан за 30 септември. Тој му ја врачи на премиерот Заев поканата Македонија да ги почне пристапните преговори со НАТО на 12 јули годинава.

„Штотуку го потпишав писмото со кое го информирам премиерот Заев за одлуката на НАТО да ја покани неговата влада во Скопје да ги почне пристапните преговори со Алијансата, по одлуката на сојузничките лидери, рече тогаш Столтенберг.

Тој додаде дека членството ќезависи од успешноста на референдумот.

Инаку завчера беше објавено дека е донесена Национална структура за членство во НАТО со сите тела за пристапните преговори на владина седница и тоа на три нивоа: Комитетот за интеграција во НАТО, Работен комитет и Секретаријат за членство во НАТО кој оперативно ќе ги води активностите.

„Добивме план што НАТО очекува од Македонија и што треба да преземеме и по членство на Република Македонија. Ние изготвивме своја програма која е одговор на планот на генералниот секретар на НАТО Столтенберг како и кога ќе ги спроведеме обврските, а до нова година треба да ги исполниме политичките критериуми заедно со обврските од Преспанскиот договор“ рече Стево Пендаровски.

Трошоците за Македонија за обврските кон НАТО ќе изнесуваат од 400 до 600 илјади евра на годишно ниво.

0 Comments

Leave a Comment

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password