Украина ќе прогласи воена состојба по морскиот судир со Русија

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека поднел резолуција за прогласување воена состојба по инцидентот во Азовското море, каде што руската војска заплени украински бродови поради, како што рече, нарушување на руските територијални води. Украинците велат дека пловеле во неутрални води.

ационалниот совет за безбедност и одбрана на Украина (НСДЦ) го поддржал прогласувањето воена состојба во текот на 60 дена. Предлогот денеска ќе се најде пред украинскиот парламент, Врховната рада, на конечно одобрување.

Украинскиот лидер рече дека Киев не планира да спроведува никакви офанзивни операции ако се прогласи воена состојба.

Прогласувањето воена состојба може да доведе до масовна и задолжителна воена служба, рестрикции во медиумите и јавни демонстрации и суспендирање на изборите, меѓу другите мерки, пренесе Киев пост.

Според Порошенко, оваа одлука не предвидува итна мобилизација, но првите резервисти на украинската армија треба да бидат подготвени, додаде тој. Тој, исто така, рече дека нема да има ограничувања на правата и слободите на граѓаните ако се воведе воена состојба.

„Имаме неоспорни докази дека денешната агресија против бродовите на украинската морнарица не била грешка или случајност. Тоа било планирана акција, вклучувајќи го и отворањето оган врз украинскиот поморски персонал“, рекол Порошенко на состанокот со високите владини и воени претставници.

Во индицентот се повредени најмалку шест припадници на украинската морнарица.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password