Дали си студент? Што после дипломирањето? Кои се твоите желби? План Б?

Дали си студент? Што после дипломирањето? Кои се твоите желби? План Б?

ИМАШ СУПЕР СТАРТ-АП БИЗНИС ИДЕЈА??
ИСПРАТЕТЕ НИ ЈА ВАШАТА СТАРТ-УП БИЗНИС ИДЕЈА И ОСВОЈТЕ СТУДЕНТСКА СТИПЕНДИЈА!

Со цел – поддршка на едукацијата на младите луѓе во Република Македонија, 4-та година по ред, ФУЛМ Македонија, во соработка со Лигата на кредитни унии од Мичиген (MCUL, USA), го објавуваат стартот за натпреварот за доделување студентска стипендија за 2018 година.

Оваа година, темата на Н А Т П Р Е В А Р О Т за студентска стипендија е:

Изработка на концепт за реализација на старт-уп бизнис идеја со наслов:
,,Мојата платинеста визија”
 во корелација со темата на Светскиот ден на кредитни унии 18 Октомври 2018 година: “Find Your Platinum Lining”!

ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО НА НАТПРЕВАРОТ:

Право на учество на натпреварот имаат сите студенти, на сите универзитети во Република Македонија.

Вашата СТАРТ-АП бизнис идеја може да ја изразите преку текст и фотографија или видео, односно треба да пратите:

Текст напишан во 2 варијанти:
– на македонски јазик (со македонска поддршка), и
– на англиски јазик,
Текстовите треба да бидат испратени во word, со должина на текст (по јазична верзија), најмногу на половина страна во А4-формат со стандардни маргини со фонт Times New Roman, и фонт „12“.

Визуелно решение (Фотографија или кратко видео)
– со што би ја искажале вашата СТАРТ-АП бизнис идеја (изработен во било која техника). Доколку се одлучите за снимање на видео, истото не треба да биде подолго од 60 секунди.

Изјава за согласност за јавна објава на фотографиите/ видеата и текстовите со лични податоци. Изјавата преземете ја тука испечатете, пополнете ја (рачно потпишана) и испратете ни ја заедно со другите документи.

? Важно! Апликациите со испратени видеа ќе имаат предност! 

Пристигнатите трудови (текст, фото или видео и изјава) треба да се испратат електронски, најдоцна до 15.10.2018 година, на: fulmstedilnica@gmail.com. Само комплетно доставените идеи ќе добијат можност за освојување за студентска стипендија.

Трудовите ќе бидат јавно објавени на профилот на Штедилница ФУЛМ на социјалниот медиум Facebook, при што ќе има и јавно гласање. Изгласаните ТОП 5 СТАРТ-АП бизнис идеи, ќе влезат во конкуренција за победник и добитник на студентска стипендија на ФУЛМ за 2018 година.

Добитникот на студентската стипендија ќе добие:
? Студентска стипендија (во висина на трошоци за една студиска година)
? Штедна книшка со почетен членски депозит (доколку апликантот не е член на ЗГ ФУЛМ)
? Сертификат за победник на натпреварот и добитник на студентска стипендија

Следете нѐ на нашите социјални медиуми (ФејсбукИнстаграм), каде ќе ги објавиме сите информации и новини за Натпреварот за студентска стипендија.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password