Повик до младите

Акционерското друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање на услуги на воздухопловната навигација М-НАВ АД Скопје ќе школува 7 кандидати за стекнување на дозвола за контролор на летање, 5 за Скопје и 2 за Охрид.

ОПШТИ И ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА ПРИЕМ НА КАНДИДАТИ ЗА ШКОЛУВАЊЕ 

1. да е полнолетен/а
2. да не е постар/а од 25 години
3. да има завршено најмалку IV степен на стручна подготовка
4. да има познавање на англиски јазик кое одговара најмалку на ниво Б2 (certificate B2)

ДОКУМЕНТИ КОИ КАНДИДАТОТ ТРЕБА ДА ГИ ДОСТАВИ 

1. Пријава. Кандидатите треба во пријавата да наведат дали се пријавуваат за Охрид или за Скопје.
2. Извод од матична книга на родени
3. Уверение за државјанство
4. Доказ за завршено образование најмалку IV степен на стручна подготовка
5. Потврда од казнена евиденција издадена од надлежен суд – не постара од 3 (три) месеци
6. Уверение од кривична евиденција издадено од надлежен суд – не постаро од 3 (три) месеци
7. Документ/доказ за познавање на англиски јазик кое одговара најмалку на ниво Б2 издаден од овластена институција за изучување на странски јазик.

Горенаведената документација треба да се достави во оригинал или копија заверена на нотар најдоцна до 12.09.2018.

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПОСТАПКАТА ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА КАНДИДАТИТЕ

Постапката за селекција на кандидатите ќе се спроведува во етапи. Секоја етапа е селективна, што значи дака во секоја наредна етапа ќе се повикуваат кандидатите кои ги исполниле условите од претходната етапа и тоа:

1. Благовремено доставување на пријава со бараните документи.

2. Доколку бројот на пријавените кандидати надминува 300, М-НАВ А.Д. Скопје ќе спроведе писмен предселекционен тест англиски јазик. По спроведување на тестот ќе се изготви ранг листа на најуспешни максимум 300 кандидати.

3. Со најдобрите максимум 300 кандидати наведени во ранг листата на М-НАВ ќе се спроведе FEAST тестирање за поседување на општи и специфични способности, карактеристики и предиспозиции неопходни за школување за контролор на летање. (повеќе информации за ова тестирањето може да се најдат на веб страната www.feast.info).

Кандидатите кои предходно го полагале FEAST тестот нема да бидат повторно тестирани, но може да конкурираат со веќе постигнатите резултати од тестирањето. Им се препорачува на кандидатите кои го полагаа FEAST тестот во рамките на предходниот повик за селекција од М-НАВ во 2018 година, и кои биле известени дека не го положиле успешно FEAST тестот во согласност со EUROCONTROL стандардите да не поднесуваат пријави бидејќи истите ќе бидат одбиени.

4. Поседување на здравствена способност- лекарско уверение класа 3 согласно Уредбата за посебните услови, начин и постапка на утврдување на здравствената способност на персоналот во воздухопловството и другиот стручен персонал, роковите на важење на лекарското уверение и посебните услови кои треба да ги исполнуваат здраствените установи и овластен лекар поединец за вршење на здраствените прегледи на персонал во воздухопловството и другиот стручен персонал (Службен весник на РМ бр.49/08,87/11 и 169/13). Кандидатите лекарските прегледи ќе ги вршат во овластена здравствена институција и трошоците за нивното спроведување ќе бидат на товар на М-НАВ.

5. Доколку по спроведување на селекционите етапи 3 и 4 нема доволно успешни кандидати (минимум 10), етапата 3 и 4 ќе се спроведе за наредните 30 кандидати од предселекциониот тест од етапа 2, се до достигнување на минималниот број.

6. Со кандидатите кои успешно ги поминале сите претходни фази ќе се спроведе интервју од страна комисијата за селекција на кандидатите.

7. Доколку има повеќе успешни кандидати од потребниот број на некоја од локациите, М-НАВ може на успешните кандидати од едната локација да им понуди школување за другата локација.

8. Конечната листа на кандидатите ќе се објави во рок од 5 дена од денот на завршување на интервјуто, сметано од датумот на одржаното интервју со последниот кандидат.

9. Сите кандидати од конечната ранг листа се должни пред почетокот на школувањето да потпишат Договор за школување со М-НАВ А.Д. Скопје.

НАПОМЕНА
Ненавремената, нецепосната и некомплетната пријава и документација нема да биде разгледувана.
Кандидати за кои ќе се утврди дека предходно го полагале FEAST тестот а истото не го пријават ќе бидат дисквалификувани. Со кандидатите кои успешно ќе го завршат школувањето М-НАВ А.Д. Скопје ќе склучи Договор за вработување. Потребната документација за исполнување на условите во оригинал или копија заверена на нотар да се достави (лично или по пошта со препорачана пратка) во Архивата на М-НАВ А.Д. Скопје, ул Македонија бр. 25, 7 спрат (Палата Лазар Поп Трајков). Условите наведени во Соопштението, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

0 Comments

Leave a Comment

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password