Безос е најбогат маж со 131 милијардa долари, но разводот може да го симне од тронот

Сопственикот на „Амазон“ Џеф Безос е најбогатиот маж во светот, чиј имот се зголемил за 19 милијарди долари во последната година и сега изнесува 131 милијарда долари, објави „Форбс“.

Списанието наведува дека она што не е познато е дали Безос ќе биде симнат од „тронот“ на најбогатите по разводот од долгогодишната сопруга Макензи. Доколку тие немаат предбрачен договор, тогаш законите предвидуваат поделба на семејниот имот на еднакви делови.

Најбогата жена во светот е Франсоаз Бетанкур Мејер, наследничка на козметичката империја Лореал, со богатство од 49,3 милијарди долари.

Контото на 65-годишната Бетанкур Мејер е значително зголемено во текот на минатата година и тоа за 7,1 милијарда долари, односно 17 проценти. Таа е единствената ќерка на Лилиан Бетанкур, која во текот на 14 години ја имаше титулата „најбогата жена во светот“, пред да почине во 2017 година. Во заедничкјата класификација на најбогатите луѓе во светот, Франсоаз Бетанкур Мејерс е на 15. место.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password