Бритиш ервејс казнет, крадел лични податоци

На „British Airways“ и се заканува парична казна од 204 милиони евра за украдени податоци од половина милион свои корисници, објави „Ројтерс“.

Канцеларијата на информативниот комесар (британската комисија за заштита на личните податоци) препорачала глобата да биде во износ 183.4 милиони фунти, или 1,5% од прометот за 2017 година.

„British Airways“ планира да ја обжали казната, чиј износ е определен по Општата Регулатива за заштита на податоците (GDPR), која им овозможува на регулаторите да утврдат парични казни до 4% од глобалниот промет на прекршителите.

Хакерскиот напад го пренасочи сообраќајот од сајтот на авиокомпанијата кон друга страница, од која се украдени детали за клиентите, информации за резервациите и нивните банкарски картички, како и имиња и адреси.

Коментари

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password