Димитров: Референдумот е крстосницата на која ќе треба да ја заокружиме нашата државност

Овој 30 септември е крстосницата на која ќе треба ние да
си ја заокружиме и да си ја зацврстиме нашата државност, и тоа со зачуван идентитет како
македонски народ кој зборува на македонски јазик, истакна шефот на македонската
дипломатија Никола Димитров на денешната средба со граѓаните на Охрид, посветена на
престојното референдумско изјаснување во врска со договорот со Грција.
Димитров пред охриѓани укажа на некои историски факти како дека 27 години од стекнувањето
на независноста до денес Македонија во само една регионална организација е регистрирана
како Република Македонија, додека во сите останати светски институции, организации,
асоцијации, здруженија фигурира како ПЈРМ.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password