Граѓаните навалија: Објавен повикот за субвенции за инвертери

Град Скопје денеска објави јавен повик за доделување субвенции на граѓаните за набавка на инвертер клима уреди и веднаш имаше навалица од граѓани.

Субвенции може да се доделат само за инвертери купени од 1 јануари до 30 ноември годинава, или пак до потрошувањето на предвидените пари за субвенции. Доделувањето на парите ќе се врши по принципот „Прв дојден – прв услужен“.

Од градската управа посочуваат дека давањето на овие стимулации е дел од мерките против загадувањето на воздухот.

Како субвенција ќе се доделува максимум 50 отсто од цената на уредот но најмногу до 15.000 денари, а која вредност ќе се земе, зависи од сумата што била платена за економичниот клима уред.

На Јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) коишто имаат станбен објект со приклучок на градско централно греење,  без оглед на тоа дали го користат, потоа оние коишто имаат можност за приклучување на системот за централно греење, како и жителите (домаќинствата) коишто имаат станбен објект во фаза на градба и не живеат во него.

Целосниот јавен повик со условите и критериумите за аплицирање може да се прочитаат од следново место.

Образецот – барање за субвенција за  инвертер клима уред може да се преземе тука.

Барањето за издавање потврда за платени даноци може да се преземе тука.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password