Кој изгуби најголемо богатство годинава

Многу милијардери изгубиле дел од своето богатство поради турбулентната година, а најголем губитник меѓу нив е директорот на компанијата „Фејсбук“ Марк Закерберг кој поради скандалот и лошиот публицитет е „олеснет“ за 18,7 милијарди долари, пишува Магазинот Форбс.

Од друга страна, директорот на Амазон, Џеф Безон е најголем добитник, бидејќи оваа година ја завршува побогат за 27,9 милијарди долари, односно со вкупно богатство од 126,2 милијарди американски долари.

Безос во чекор го следи јапонскиот милијардер Ташади Јанаји, кој благодарение на своите акции на компанијата Уникло остварил поголема заработка за седум милијарди долари.

На трето место наголеми добитници се наоѓа извршниот директор на нафтената компанија „Лукоил“ Вагит Алекперов кој остварил добивка од 4,6 милијарди долари.

На листата губитници, Закерберг го следи Амансио Ортега, кој е сопственик на повеќе брендови и тој оваа година изгубил 16,2 милијарди долари.

Годинава од 14 милијарди долари се простил и Џорџ Шефлер, основач на Шефлер автомобили, а како што наведува Форбс падот на продажбата на автомобили во Европа и Кина очигледно влијаел на произведвачите на гуми и автоделови.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password