Над 400 илјади македонски граѓани купувале преку интернет

Над 400 илјади граѓани во Македонија нарачале или купиле производи преку интернет, а најмногу се купува облека и спортска опрема. Спроведената анкета на Државниот завод за статистика во првото тримесечје од годинава во која испитаниците се изјасниле за направените онлајн нарачки во последните 12 месеци покажува пораст на интернет продажбата за 62 проценти.

Така, годинава преку интернет купувале околу 31,6 проценти од интернет корисниците за разлика од лани кога онлајн нарачки направиле 19,5 проценти.

Облеката и спортската опрема и понатаму се работите кои најмногу ги купуваат Македонците преку интернет, иако во споредба со минатата година ги купувале помалку овие работи. На сметка на тоа повеќе се купувале производи за домаќинство, храна и друго.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password