НЛБ Банка има и нови газди

Словенија продаде 59,1 отсто од акциите во НЛБ банка, најголемата банка во државата која има своја банка и во Македонија. Акции на банката беа понудени на Љубљанската и Лондонската берза во четвртокот откако заврши и дел од долгоочекуваната приватизација на оваа државна банка, преку реализираната јавна понуда на акции. Во оваа операција Новите инвеститори ги купија акциите за 51,5 евра по акција и во свои раце имаат мнозинство од капиталот.

Со оглед на тоа што за таканаречените стабилизациски акции се предвидени 5,9 отсто од капиталот ова значи дека државата продала околу 65 отсто од НЛБ.

Значи се уште најголем поединечен акционер е државата Словенија која има 35 отсто од капиталот. До крајот на следната година треба да се продадат и друг дел од акциите на НЛБ, односно Словенија ќе задржи 25 отсто од капиталот плус златна акција, а ќе се продадат практично 75 проценти од акциите. Од последната продажба државата инкасираше над 600 милиони евра.

„Срцето и главата на НЛБ остануваат во регионот. Со излегувањето на берзата и трансформацијата на НЛБ во јавна компанија со дисперзирано сопствеништво кое сега го сочинуваат државата како најголем сопственик и реномираните глобални инвеститори имаме капацитет за развој во смисла на корпоративно управување и слобода на работењето. Ова е голема привилегија и голема одговорност, рече претседателот на Управниот одбор на НЛБ Блаж Бродњак.

НЛБ банка во Скопје е една од најдобрите и најуспешни банки во земјава. Во деветте месеци годинава банката има добивка од 30 милиони евра што е за 21,5 проценти во однос на истиот период лани и за 47,7 проценти над планот за истиот период.

Извор Фактор

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password