Од понеделник стартува новиот мобилен оператор 074 Телекабел

Кабелскиот бренд „Телекабел“ од вчера, на 22-годишнината од своето постоење и официјално станува нов мобилен оператор. Со ова „Телекабел“ го заокружи телекомуникацискиот сектор, кој нуди кабелска телевизија, интернет, фиксна телефонија и сега мобилна телефонија.

Од понеделник (21 јануари), стартува продажбата на мобилните броеви со префиксот 074, а како што не информираше Зоран Ристов од дирекцијата на „Телекабел“ воСтрумица, струмичани ќе можат да си обезбедат и изберат нов мобилен број и четири модели на мобилни телефони од наплатниот пункт на „Телекабел“, кој се наоѓа од левата страна на главниот влез во Трговскиот центар „Глобал“.

Засега се нудат три пакети: 300, 500 и 1500. Бројките ја означуваат и месечната сума за плаќање за користење на услугите. Во пакетот 300 се вклучени 1GB интернет и 200 минути бесплатни разговори кон сите мрежи, пакетот 500 има неограничени разговори и 10GB интернет, а за 1500 денари нема никакви ограничувања. Цената на SMS пораките за секој пакет е 3 денари. И мобилната телефонија е „без обврзувачки договор“.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password