Од утре поевтини повици и пораки меѓу земјите во ЕУ

Од 15 мај 2019 година телефонските оператори веќе нема да можат да наплаќаат повеќе од 19 центи за минута за разговори во Европа.

Телефонските оператори веќе нема да можат да наплаќаат високи тарифи за повици и текстуални пораки меѓу европските земји.

Се очекува оваа мерка, која беше усвоена од страна на пратениците на Европскиот парламент на пленарна седница на 14 ноември, значително да ги намали телефонските сметки на Европејците кои комуницираат преку границите.

Ова е затоа што, и покрај усвојувањето на правилата за прекин на надоместокот за роаминг од средината на јуни 2017 година, некои повици кон Европа останаа да се наплаќаат по високи цени.

Во моментов повиците од роаминг кон домашната мрежа не се наплаќаат. Но, обратно, повиците од од домашната мрежа кон други европски земји предизвикуваат значителни трошоци.

Членовите на Европскиот парламент поставија ограничување за прекуграничните стапки од 19 центи за минута за разговори и 6 центи за текстуални пораки, почнувајќи од 15 мај 2019 година.

Коментари

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password