ТИЕ СЕ НАЈБОГАТИ ВО ЕУ: Имаат минималец од 2.000 евра

Најбогатите земји во Европската Унија ги предводи Луксембург, каде загарантираната минимална плата е 1.999 евра.

Опсегот на минимални плати во земјите на ЕУ се движи од 261 евра во Бугарија до 1.999 евра во Луксембург.

Според Еуростат, 22 од 28 земји-членки на ЕУ имаат минимална плата, како и сите земји-кандидати за членство во ЕУ – Македонија, Црна Гора, Албанија, Србија и Турција.

Исклучок од ова “правило” се Данска, Италија, Кипар, Австрија, Финска и Шведска.

Минималната бруто плата во Македонија изнесува 17.370 мкд(282 евра) или нето 12.165 мкд(198 евра).

Во првата група се девет земји со минимални плати до 500 евра. На дното се Бугарија, Хрватска со 465.72 евра, а на горната граница се Полска и Словачка со минималец од 480 евра.

Втората група вклучува шест земји со минимална плата помеѓу 500 и 1.000 евра. На долната граница во таа група е Естонија со точно 500 евра, а на врвот е Шпанија со 859 евра.

Третата група вклучува богати земји, каде што приходите на најлошо платените работници надминуваат 1.000 евра.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password