Три компании со европски пари ќе сушат овошје и ќе преработуваат млеко

Тројцата инвеститори од Тетово, Неготино и Визбегово денеска потпишаа договори за мерката „инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи“ од последниот повик за ИПАРД 2 програмата, кој заврши на крајот на јануари годинава. Вкупна вредност на трите инвестиции изнесува 315.000 евра.

Инвестициите се однесуваат за опрема за сушење овошје и зеленчук, во нова линија за свежи цедени сокови, како и во опрема за преработка на млеко и млечни производи.

Од мерката за инвестиции во средства за преработка на земјоделски и рибни производи кој беше објавен на крајот на минатата година стигнати се 65 апликации со кои се побаруваат 15,4 милиони евра.

За оваа мерка има 1.099 апликации во кои се побаруваат околу 17,2 милиони евра.  Или, вкупно на располагање за двете мерки согласно ИПАРД 2 Програмата на располагање има 25 милиони евра.

Инаку од првиот повик за ИПАРД 2 програмата од склучени 950 договори, досега 794 ги завршиле инвестициите и доставиле барања за поврат на средства. 180 компании веќе целосно ја имаат добиено финансиска поддршка во вкупен износ од близу 2 милиони евра.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password