Веќе може да купуваме акции и имот и во странство

Правните и физичките лица можат да вложуваат во недвижности и хартии од вредност во странство со преминувањето на земјата во втората фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА), соопштија денеска од Народната банка.

Со преминот, исто така се олеснува издавањето и регистрирањето странски хартии од вредност во земјава, како и на домашни хартии од вредност во странство.

Од НБМ сепак велат дека граѓаните мора да се свесни за нивните одлуки за инвестирање и да бидат внимателни.

„Инвестирањето на странските финансиски пазари треба да се темели врз бројни информации врз кои се засноваат очекувањата на економските субјекти во кои се планира инвестирањето. Затоа се претпоставува дека резидентите, а особено физичките лица што ќе се одлучат да инвестираат во странство, се добро информирани за потенцијалните ефекти од нивните одлуки, дека имаат формирано јасни очекувања за приносите и степенот на ризичност, како и дека се запознаени со своите даночни обврски, стои во известувањето.

Одлуката за премин во втората фаза на асоцијација меѓу Република Македонија и Европската заедница и нејзините земји членки“  стапи на сила на 25 јануари 2019 година.

Коментари

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password