Бројот на работници во индустријата во февруари поголем за 0,8 отсто

Бројот на работници во индустријата во февруари годинава во однос на февруари лани бележи раст од 0,8 отсто, додека за двата месеца од годинава во однос на тој период лани раст од еден отсто, објави Државниот завод за статистика.

Бројот на работници во секторот преработувачка индустрија во февруари 2019 година, во однос на февруари 2018 година, бележи пораст од 0,9 отсто, во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0,1 отсто, а во секторот рударство и вадење камен oпaѓање од 0,1 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во февруари 2019 година, во однос на февруари 2018 година, бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 1,7 отсто и капитални производи за 15,7 отсто, додека опаѓање бележи кај енергијата за 0,6 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 2,4 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,3 отсто.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password