Центар не се откажува од мораториумот за градење

По реакцијата на партијата ДОМ, но и на група граѓански активсти, и градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ се огласи во врска со одлуката на Уставниот суд, за привремено укинување на мораториумот на 31 Детално урбанистички план во Центар.

Општината го воведе овој мораториум во декември 2017 – та, а една година подоцна одлучи да го продолжи до април годинава.

Богдановиќ сега вели дека е разочаран од одлуката на уставните судии, кои ја разгледуваа законитоста на неговата одлука за мораториум. Тој апелираше, Уставниот суд за 30 дена да ја преиспита својата одлука и да ги земе предвид новодонесените ДУП-ови, кои како што вели, се од корист за граѓаните. Апелираше и до коморите да ја повлечат иницијативата до Уставниот суд и да дозволат да спроведат измени кои ќе бидат во корист на сите градежници и граѓани.

„Јас го образложував мораториумот неколку пати, се трудев и при настап на секаква јавна емисија дека на нас единствен простор за да не се спроведат лошите планови е временото запирање на извршување на ДУП-овите. Со оваа одлука, која официјално не сме ја добиле, ни се ускратува тоа право. Тоа значи дека ние продолжуваме со носење нови планови кои сметаме дека ќе бидат поквалитетни, но се остава простор додека се доносат, да се почнат нови постапки. За нас мораториумот уште е на сила додека не ја добиеме официјално одлуката од Уставен. Кога ќе ја добиеме ќе ги утврдиме чекорите кои ние како општина ќе ги преземеме“, изјави Богдановиќ на прес конференција.

Мораториумот е укинат привремено, по што Судот ќе треба да донесе конечна одлука дали тој е уставен или не. Партијата ДОМ ја оцени оваа одлука на Уставен како скандалозна и како крај на надежта на граѓаните дека е можно хумано урбано живеење.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password