Извозот бележи пад, додека увозот расте

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во јануари 2019 година, изнесува 25 534 424 илјади денари и бележи пад од 1.9 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во јануари 2019 година, изнесува 35 037 733 илјади денари, што е за 1.4 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во јануари 2019 година, изнесува 9 503 308 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во јануари 2019, изнесува 72.9 %. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел). Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснато-валаните производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во јануари 2019 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Бугарија.

Стоковна размена изразена во евра и САД долари

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во јануари 2019 година, изнесува 415 058 илјади евра и бележи пад од 1.9 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 569 598 илјади евра, што е за 1.4 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во јануари 2019 година, изнесува 154 540 илјади евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во јануари 2019 година, изнесува 473 756 илјади САД долари и бележи пад од 8.5 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 649 805 илјади САД долари што е за 5.3 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во јануари 2019 година, изнесува 176 049 илјади САД долари.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password