Кромберг и Шуберт, Костал и Гентерм побарале уште поголеми поволности од македонската Влада

Германските странски инвеститори во слободните економски зони – Кромберг и Шуберт, Гентерм, Костал и Марквард побарале уште поголеми олеснувања од тие што веќе ги имаат, пренесува Дојче Веле.

На средба со претставници од Владата тие се пожалиле дека поради повисоки царини за одредени репроматеријали нивните производи губеле на конкурентност, или во спротивност нема да може да го продолжат проширувањеро на планираните дополнителни инвестиции.

Дел од германските инвеститори деновиве оствариле средба со министерот за финансии Тевдовски – фото: Патрик Мартенс, директор на делегацијата на Германското стопанство во Македонија. Царинските стапки биле за 15 отсто повисоки во однос на просекот на ЕУ, а и процедурите биле сложени, велат извори од Германската комора.

Деновиве тие оствариле средба со министерот за финансии Драган Тевдовски, пред кого ги изложиле своите конкретни предлози за промена на одредени царински стапки:

„Дел од присутните компании планираат проширување на своите инвестиции, но првично ќе почекаат на намалување на царинските тарифи. Тие се жалат дека царините ги прават неконкурентни и во такви услови не можат пред своите централи да образложат зошто би ја прошириле инвестицијата во Македонија и би отвориле нови работни места. Сметаат дека Македонија на ваков начин ја губи конкурентноста“, велат од Германската комора.

Засега овие инвеститори ја плаќаат само царината, бележењето на влез-излез, снабдувањето со гас, закупот за деловен простор во зоните и придонесите, а допрва им истекува рокот по кој повеќе не ќе можат да го избегнуваат обврската за данок на добивка и персоналниот данок на доход.

Коментари

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password