ММФ: Растот годинава 1,6 проценти, в година 2,6 отсто

Раст на Брутодомашниот производ 1,6 процентни предвидува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во последниот извештај. Според проекциите на ММФ, в година растот ќе биде 2,6 проценти, а во 2023 година 3,4 проценти. Во извештајот Wold economic outlook, ММФ ги намали предвидувањата за раст на светската економија, објавени во јули. Според денешните проекции глобално економијата ќе забележи раст од 3,7 проценти оваа година, исто како и лани. Намалени се проекциите и за Македонија и тоа драстично. Имено Меѓународниот монетарен фонд во претходната проекција предвидуваше раст на македонската економија од 3,2 проценти годинава. Сега тие очекувања се преполовени. Такви очекувања имаше и Владата при проекцијата на годинешниот буџет и со оглед на тоа што уште не е изгласан ребалансот, кај нив, судејќи барем по изјавите, останува надежта дека овој процент е достижен. Сепак тоа не го тврди и Светска банка која минатата недела објави дека ги спушта очекувањата за раст на македонската економија за годинава од 3,2 на 2,3 проценти. Во услови на политичка криза реално е да се очекува послаб раст на македонската економија. Во тие околности загрижува што предвидувањата и за следната година не се сјајни односно ММФ смета дека растот ќе биде со стапка од само 2,6 проценти во 2019 година.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password