Откупната цена на пченицата ги „ожна“ жетварите

Откупната цена на пченицата ги изнервира производителите уште на самиот старт на жетвата. Мелничарите нудат 9 денари за килограм, што било недоволно. Министерот ТРајан Димковски вели дека ќе се обиде да издејствува повисока цена.

„Цената зависи од квалитетот на пченицата. Кога зборуваме за цена од нива, на таа цена се додаваат транспортните трошоци и данокот. Се покажува дека цената е подобра од минатата година. Сепак, зависи од квалитетот и договорните услови и видот на производство. Оние со поголеми количини се во подобра позиција да преговараат за повисока цена, додека малите земјоделци, бидејќи имаат проблем со складирањето, принудени се да ја продаваат веднаш, и по пониска цена“, изјави вчера министерот Трајан Димковски.

Заради пониските приноси кај нас, но и во регионот, земјоделците очекуваат фер откупни цени од најмалку 12 до 13 денари за килограм за пченицата.

Земјоделците очекуваат и државата да се вклучи со откуп за стоковите резерви во време на жетва и по цени кои ќе помогнат да се зголемат откупните цени и кај мелничарите.

На потег е Министерството за земјоделство, велат земјоделците.

Коментари

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password