Раст на трошоците за живот

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во април 2019 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.8, а индексот на цените на мало 101.2.

Пораст на индексот на трошоците на животот во април 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 5.1 %, свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 2.3 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.8 %, лебот и житата, другите пекарски производи за 0.5 %, алкохолните пијалаци за 0.3 % и маслото и маснотиите за 0.2 %.

Во април 2019 година, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај авионскиот превоз на патници за 23.5 %, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 5.1 %, гасот за домаќинствата за 2.6 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 2.1 %, течните горива за домаќинствата за 1.5 %, обувките, туристичките пакет-аранжмани за 1.7 %, малите електрични апарати за домаќинствата, средствата за чистење и одржување на станот за 0.8 %, автомобилите за 0.6 %, големите електрични апарати за домаќинствата, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за 0.4 %, велосипедите, резервните делови и опремата за сопствен превоз за 0.3 % и текстилот за домаќинствата за 0.2%.

Коментари

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password