Скопје последен на листата по квалитет на живот во регионот

И оваа година исто како и лани Македонија е на дното по квалитет за место на живеење во регионот,  според сајтот Нумбео.ком. Според сајтот биле земени во предвид нивото на загаденост на земјата, животниот стандард, здравствените услуги кои ги нуди државата, безбедноста на граѓаните. Според овие податоци земени во предвид сајтот ја рангираше земјава на последното 16 место во регионот.

Скопје и годинава беше на врвот по загаденост на воздухот во светот со индекс 217 според АQI, загаденоста на воздухот беше огромна и низ цела Македонија, па поради тоа земјава се наоѓа на последното место  на листата за квалитетен живот во регионот.

Првa на листата за квалитетен живот во 2018 година е прогласена Валенсија, а од Балканот според сајтот најдобро место за живеење се Љубљана и Загреб.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password