Социјална пензија за сите граѓани постари од 65 години кои немаат стаж

Постарите кои немаат стаж ќе добиваат социјална пензија. Законот е веќе испратен во Собрание.

Предвидува сите граѓани со навршени 65 години да добиваат месечен надомест од 6000 денари без разлика дали некогаш работеле. Оваа сума ќе се усогласува со трошоците на живот еднаш годишно. Надомест нема да добиваат граѓаните чиј партнер има пензија. Услов за стекнување на надоместокот е граѓанинот да е државјанин на земваја во послендите 15 години, да нема имот од кој може да се издржува и да нема примања од друга држава.

Лидерот на опозицијата Мицкоски вели дека се уште не го виделе законот, но го оценува како предизборна манипулација со најстарите граѓани.

Освен 6000 – те илјади денари, законот предвидува и 1000 денари за греење во период од октормви до март.

Социјалната пензија нема да се исплаќа преку ПИОМ, а засега не се знае колку граѓани ќе бидат опфатени со законот и колку тој ќе го чини буџетот.

 

Коментари

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password