Елена Ристеска драстична го промени изгледот

Елена Ристеска стана блондинка, во новата дуетска песна со нејзината колешка од Србија, Данијела Кариќ.

Елена и Данијела имаат исти коси во спотот за песната „Срца се погреше“  кој се промовираше за регионалниот музички пазар.

Елена е непрепознатлива со новата боја на коса за која нејзините фанови за социјалните мрежи велат дека одлично ѝ стои.

Музиката и текстот за новата песна на Елена и на Данијела е на Александра Милутиновиќ, аранжманот и продукцијата на Дарко Димитров.

Истиот тим го работеше и хитот „Доживотно“. Спотот е снимен во Белград, со познати танчари како гости: Нина Булајиќ, Олга Олчан, Милан Рус, Игор Грабовиќ, како и свршеникот на Данијела, Иван Милеусниќ.

Коментари

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password