Потресна исповед на пејачката Анабела : Имав само 20 години кога ми беше откриен тумор на дојката, а по толку години сега доживеав нов шок

Пејачката Анабела Атијас имала само 20 години кога се сретна очи во очи со страшната болест од која многумина не се излечиле, но на голема благодарност на докторите и нејзината желба да оздрави успеа да ја победи борбата со ракот на дојката.

-Тоа ми се случи одамна на само 20 години, се оперирав во Шведска во 1995-та година и ја имав таа среќа при разговор со една пријателка да слушнам за прегледите, односно момографијата. Внимателно ја слушав пријателката која ми говореше дека самоконтролата е многу важна и ете игра на случајност тоа ми остана во глава, а потоа ми беше откриен и ракот. Тој петок се враќав од дискотека и отидов да се туширам, а потоа забележав дека нешто не е во ред, веднаш отидов на лекар, а по три дена ми беше закажана операција, раскажува за српски „Телеграф“ Анабела.

Пејачката вели и по успешната операција повторно се плаши секој пат кога прави некаков преглед, а неодамна поминала низ вистински пекол откако видела дека гинеколошките резултати не се добри, апелира до сите жени редовно да посетуваат лекар и да прават прегледи.

-Таа болест е подмукла, ја чувствуваме кога веќе ќе биде доцна, додава Анабела.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password