Тамара Тодевска: Безрезервно ѝ верувам на д-р Гордана Петровска

Познатата пејачка Тамара Тодевска Димитровска се породи по вторпат. На 12 декември таа и нејзиниот сопруг Александар добија син, а малата Хана доби братче. Довербата и овој пат ѝ ја доверби на д-р Гордана Петровска, на која безрезервно ѝ верува. Вели дека е презадоволна од целиот третман што го добила во „Аџибадем Систина“, а д-р Петровска е прекрасен доктор.

„Безрезервно верувам во професионалноста и стручноста на д-р Гордана Петровска и секогаш ќе ѝ верувам. Здравје и за третото дете ќе ја бараме истата докторка. Ѝ благодарам за целата посветеност и грижа. Многу сум задоволна и од целиот персонал во Клиничката болница ‘Аџибадем Систина’, овде се чувствував како кралица и едвај чекам пак да дојдам“- објаснува Тамара.

Тамара за првпат стана мајка на 29 април 2016 година, кога се роди нејзината прва љубов Хана. Вели дека заедничко за двете деца е тоа што биле мирни бебиња.

„Овој пат навистина сè ми беше полесно, имам едно искуство зад себе и бев психички подготвена што ме чека. Имам среќа што Дарен е многу мирно бебе, се надевам таков ќе биде и дома. Пресреќна сум што повторно се здобив со една од најзначајните улоги – да се биде мајка, улога што носи прекрасни моменти. Сега со две деца ќе ми треба повеќе помош, но, за среќа, активно се вклучуваат сите во семејството“ – изјави Тамара.

Среќата не ја криеше и малата Хана. Пресреќна потскокнуваше околу Дарен, објаснувајќи дека му е премногу благодарна на Дедо Мраз бидејќи подранил со новогодишниот подарок и ја израдувал со бебе.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password