Затворање на сезона во Вип Аква Парк

Овој викенд, посетителите на „Вип Аква Парк“, кој е дел од комплексот на спортскиот центар „Борис Трајковски“, за последен пат ова лето ќе имаат можност да уживаат во забавните содржини кои ги нуди аква паркот.

„Вип Аква Парк“ по успешната сезона со многубројни посетители, затвора на 9-ти септември, а за наредната сезона најавува и нови можности за посетителите. Освен дневните забавни содржини, „Вип Аква Парк“ ќе може да се изнајми во вечерните часови за различни прослави и ќе понуди незаборавно искуство за сите кои ќе одлучат својата прослава да ја одржат токму таму.

Од понеделник пак, за сите жени и девојки следува уште една забавна активност во салата на Вип Пилатес и аеробик центарот на СЦ „Борис Трајковски“- вежбање со Топ Форма. Салата е опремена со најсовремена опрема и по светски стандарди.

0 Comments

Leave a Comment

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password