„Андреа“ доаѓа утре- следува многу дожд (над 50 л/м2), невреме и снег на планините

Почнувајќи од утре попладне и тоа од западните предели а веќе од понеделник и во најголем дел од државава и тоа поради интензивното влијание на моќниот циклон „Андреа“ кој го зафаќа регионот ќе има значително дестабилизирање на атмосферата односно облачноста ќе се зголеми и ќе има поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни и застапени во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд, силни грмежи, силен ветер и појава на град, од утре попладне па во следниот период локално ќе наврне значително количество на воден талог (над 50 л/м2) и токму ова може да услови и локални поплавувања или пак зголемување на нивоата на реките и на езерата низ државава.

Исто така поради падот на температурите на воздухот на високите планини очекуваме и нови врнежи од снег.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password