Страшно, тајфунот во Кина фрла луѓе по улица (Видео)

Моќниот тајфун Мангкут денеска ја погоди јужната
кинеска покраина Гуангдунг, откако беснееше на Филипини, носејќи со себе силни ветрови и
дожд, поради што најмалку 64 лица го загубија животот, но се стравува и дека уште десетици
лица се затрупани под земјата од многуте свлечишта кои ги предизвика тајфунот.
Над 2,4 милиони лица денеска се евакуирани од Гуангдунга, каде дуваат ветрови со брзина од
162 километри на час.

http://youtu.be/1xDrJwEgX6o

Властите во јужниот дел на Кина издадоа црвено предупредување бидејќи Националниот
метеоролошки центар соопшти дека регионот ќе се соочи со „сериозен тест, предизвикан од
ветер и дожд“ и ги повика претставниците да го подготват населението за можна катастрофа.

http://youtu.be/b7oPm1zwuos

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password