Автопатот Миладиновци- Штип ќе биде отворен до крајот на месецов
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта денеска изјави дека е завршен автопатот Миладиновци- Штип и оти очекува да биде пуштен до крајот на месецов по техничкиот прием за што се подготвува документацијата.
– Автопатот Миладиновци- Штип е завршен. Се подготвува техничката документација за техничкиот прием. Тоа е во делот на надзорот каде што ние не сме моќни. Поради снежните врнежи можеби деновиве некои контроли што треба да ги прават малку ќе бидат оневозможени, но очекувам крајот на месецов автопатот да биде пуштен – изјави Китанов, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата за изградбата на автопатот Скопје- Блаце.
Изградбата на автопатот во должина од 47 километри почна во мај 2014 година. Дел од автопатот, на потегот од Штип до клучката Кадрифаково, веќе се користи со привремен режим на сообраќање на возилата.