Барате работа, отворени се 9.100 слободни места

Во првото тримесечје од годинава има 9.100 слободни работни места, објави денеска Државниот завод за статистика.

Најголем број на слободни работни места, односно 2.443 има за услужните дејности и продажба.

Според статистичките податоци, највисока стапка на слободни работни места има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, а најмала секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

Највисока стапка на слободни работни места од 2,03 отсто имаат компаниите чиј број на вработени е од три до девет.

Во однос на регионите, највисока стапка на слободни работни места има Југозападниот регион со имаат 2,24 отсто.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password