Бензините поскапуваат, а дизелот поевтинува за 0,50 денари за литар

Цената на „еуросуперот“ од полноќ се зголемува за 0,50 денари, а на дизелот се намалува за исто толку.

Малопродажните цени на „еуросупер 95“ од полноќ ќе изнесува 69 денари за литар, додека пак на „еуросупер 98“, се зголемува на 71 денар за литар.

Цените на „еуродизелот“ се намалува за 0,50 денари за литар и ќе изнесува  61 денар за литар.

Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), ќе се продава за цена пониска за 0,50 денари за литар и таа ќе изнесува 50,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,110 денар за килограм и ќе изнесува 34,739 денари за килограм.

Коментари

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password