Билјана Ивановска е предложена за нов претседател на Антикорупциска

Собраниската Комисија за прашања на избори и именувања предложи Билјана Ивановска да биде нов претседател на Антикорупциската комисија.

Претседателот на Комисијата, Илија Димовски, ќе го достави заклучокот за предлогот за новите шест членови на Антикорупциска на гласање на пленарна седница.

Предложени членови се Владимир Георгиев, Софка Пејовска Дојчиновска, Катица Николовска, Нури Бајрами, Билјана Ивановска, Горан Трпеноски и Шемши Салаи се седумте прворангирани кандидати за членови во Државната комисија за спречување корупција, кои без расправа поминаа на Комисијата.

На ранг листата се објавени бодовите за 56 кандидати кои беа интервјуирани во изминатите денови од Комисијата за селекција, од вкупно пријавените 57 на огласот.

 

Коментари

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password