Еве кои се условите за субвенциите за инвертери

Град Скопје ги објави условите што треба да ги исполнат граѓаните кои ќе поднесат барања за субвенции за инвертер клими. Субвенционирањето на инвертерки е уште една од мерките на Градот против загадување на воздухот.

Од таму велат дека наскоро ќе биде распишан повикот за субвенционирање на инвертери и други современи уреди за затоплување. На јавниот повик ќе се прифаќаат фискални сметки за купен инвертер од 1 јануари 2019 година, граѓаните ќе може да аплицираат на јавниот повик од март, а исплатата на средствата ќе се врши по завршувањето на претстојните претседателски избори, посочуваат од Градот.

Висината на субвенцијата ќе биде во износ од 50% од вредноста на уредот, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход.

Интересно е тоа што меѓу условите за учество е граѓаните кои бараат субвенции до купување на инвертер климата да се греат на печка на дрва, јаглен, нафта или мазут и како доказ да достават фотографија од печката заедно со останатата документација.

За надоместување на дел од трошоците, барателот треба да ги исполнува следниве критериуми:

I. Право на учество:
Право на субвенционирање на дел од средствата за купување на инвертери во 2019 година имаат физички лица кои се жители на Град Скопје (општините во градот: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари) и кои ги исполнуваат следниве услови:

да има живеалиште на подрачјето на град Скопје (општините: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај Центар, Чаир и Шуто Оризари),
инвертерот да го купил во 2019 година, се до завршување на јавниот повик, односно исцрпување на средствата од Буџетот на Град Скопје за субвенционирање за купување инвертери,
да нема искористено субвенции од кој било извор во Република Македонија за затоплување на своето домаќинство (станбен објект),
до поднесување на барањето да е корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут,
станбениот објект да не е во фаза на градба и во него барателот да живее,
да нема приклучок на градско централно греење во станбениот објект каде што ќе биде инсталиран уредот, без оглед на тоа дали го користи,
да има платено данок на имот за станбениот објект каде што ќе биде инсталиран уредот, заклучно со 2018 година,

(1) Само едно лице по домаќинство може да поднесе едно барање за добивање надоместок исклучиво за набавка на еден уред.

II. Услови за учество:
При разгледување на барањата за субвенционирање, предвид ќе бидат земени оние во кои подносителот ги исполнил следниве услови:

доставил пополнет образец за јавниот повик за доделување субвенции за набавка на посовремен уред за затоплување,
доставил доказ дека е жител на град Скопје, што се докажува со фотокопија на личната карта,
доставил доказ во оригинал дека е извршено купување во 2019 година и тоа со фискална сметка или фактура со извод од деловна банка за извршена уплата,
доставил фотографија од печката на дрва, јаглен, нафта или мазут која ја користел,
доставил фотокопија од трансакциска сметка, и
доставил потврда за платен данок на имот за станбениот објект заклучно со 2018 година.

III. Објавување на јавниот повик

Јавниот повик ќе биде објавен на 01.03.2019 година, а ќе трае до 30.11.2019 година, односно до исцрпување на средствата за оваа намена.
Купувачот на уредот за затоплување, барањето за надоместување на дел од трошоците, заедно со потребната документација, треба да го достави во затворен плик до Град Скопје, на адреса булевар Илинден број 82, во архивата на Град Скопје (барака 16), секој работен ден од 08:30 до 15 часот.
Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

IV. 8. Финансирање на Програмата

Средствата ќе се користат за делумен надомест на средствата на граѓаните искористени за купување посовремен уред за затоплување, во износ од 50% од вредноста на уредот, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password