И корисниците на ајфони можат да скенираат фискални за поврат на ДДВ

Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека апликацијата Мој ДДВ веќе е достапна на Аpple store за корисниците на iOS. Станува достапна 11 дена по стартот на овој проект со кој на граѓаните кои скенираат фискални сметки ќе им се врати по 15 отсто од платениот ДДВ.

УЈП неодамна соопшти дека за пет дена од стартот на проектот „МојДДВ“ граѓаните „заработиле“ 120.000 евра од скенирањето на фискалните сметки со своите мобилни телефони. Апликацијата до тогаш или до 5 јули ја симнале 58 илјади државјани, а очекувањата се да бидат половина милион корисници.

Заради мошне рестриктивните и строги правила на „Епл“ апликацијата МојДДВ до вчера не беше достапна за корисниците на „ајфони“. Сепак сега е достапна на  http://apps.apple.com/…/moja-banka-mobile-ban…/id1472553785

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password