Им пукале во возилото: Двајца мртви во престрелка во Скопје

Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа во 00,30 часот на улица „Франклин Рузвелт“ во Скопје, непознати лица од возило пукале во возилото „Сеат aлтеа“ со скопски регистарски ознаки, во кое биле лицата Н.А.(44), Ф.Е.(19) и А.П.(49), сите од Скопје.

-На местото на настанот починал Н.А., додека другите две лица- Ф.Е. и А.П. со Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде А.П. подлегнал на повредите, информираат од МВР.

По соопштението од МВР сепак е потврдено дека и другиот повреден им подлегнал на повредите, односно починал и 49 годишниот А.П.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password